Серхио Рамос по врска од повеќе од седум години на 15 јуни ќе се ожени со својата девојка Пилар Рубио на неговиот ранч за одгледување на коњи „Ла Алегрија СР4“, во блескава церемонија со многу чудни услови за гостите, јавува „Марка“
Над 500 гости ќе допатуваат во андалузиското градче Болјулјос де ла Мутасион, каде што Рамос поседува земјиште од 44 хектари со луксузни услови за гостите. Самата куќа е над 13.000 метри квадратни метри, а на поседот има и тениски терен и фудбалски терен.
Гостите кои ќе пристигнат на свадбата нема да можат да ги понесат своите мобилни телефони со себе, додека за жените има посебен услов – гостинките не смеат да носат црвено, портокалово и зелено.