Top Sport

На тренерот на Динамо Букурешт на теренот му го спасиле животот

Натпреварот помеѓу Динамо од Букурешт и Универзитатеа од Крајова бил прекинат во првото полувреме откако му се слошило на тренерот на Динамо Еуген Нејгу (51).

Тој во текот на првиот дел бил мета на невкусни скандирања на навивачите, кои меѓу другото му порачале да си поднесе оставка. Веројатно поради таквите скандирања не му било сеедно, поради што во еден момент само се срушил на клупата.

Во 31 минта кога Нејгу се срушил на клупата, судијата го прекинал натпреварот.

Медицинскиот тим го реанимирал тренерот на само место, сцени што биле шокантни за сите на стадионот.

За среќа лекарската интервенција била ефикасна, тие успеале да го вратат во живот тренерот Нејгу.

Мечот подоцна продолжил, а завршил со победа на Универзитатеа 2-0.

Scroll to Top