Top Sport

На „Твитер“ го исмеваат Давид Луиз (Видео)

„Твитерџиите“ го исмеваат дефанзивецот на Челси, Давид Луиз, поради неговиот обид да изнуди слободен удар на синоќешниот меч со Барнли (2:2).

Бразилецот, скокна како во базен, иако немаше никаков контакт со противничкиот фудбалер Крис Вуд. Кога му стана јасно дека нема да добие фаул, веднаш стана и му ја подаде топката на соиграчот.

Ќе остане забележано дека ова е еден од најлошите обиди оваа сезона да се изнуди слободен удар.

https://twitter.com/FootbaII_HQ/status/1120588819806466050

Scroll to Top