Top Sport

Симаниќ го има потегот на сезоната во АБА-лигата (Видео)

Младиот крилен центар на Црвена ѕвезда, Бориша Симаниќ, беше еден од најдобрите во својот тим, во петтиот финален меч во АБА-лигата, против Будуќност. Тој беше клучниот играч на теренот, во втората четвртина, кога Црвена ѕвезда ја создаде клучната предност.

Симаниќ постигна 10 поени, не промаши ниту еднаш, а со неколку атрактивни потези ја запали публиката.

Во 14 минута веројатно го направи потегот на сезоната во АБА-лигата, најпрвин со блокада ја спречи контрата на Ерл Кларк, а во продолжение на акцијата одигра „алеј-уп“ со Небојша Човиќ.

Scroll to Top