Динамо Киев и Жалгирис успеаја да ги елиминираат фаворизираните Фенербахче и Малме од Лигата на шампионите. Динамо, по продолженијата во Истанбул, го победи Фенербахче, додека Жалгирис победи во Шведска.
Фенербахче се самоуништија пред своите навивачи. Елиминацијата на турскиот тим ја најави црвениот картон на Јуксек во 53.минута. Предноста од фудбалер повеќе Динамо ја материјализираше четири минути подоцна кога Бујалски погоди за 0:1.
Бујарски со провокација кон навивачите на Фенербахче го прослави голот, на пто тие почнаа да го извикуваат името на рускиот претседател Путин.
Fenerbahçe taraftarı, Dinamo Kievli futbolcunun attığı golden sonra abartılı şekilde sevinmesi üzerine “Vladimir Putin” tezahüratı yaptı pic.twitter.com/sTjhNM0n2R
— Batu Bozkürk (@batubozkurk) July 27, 2022
Емер Валенсија не успеа да го израмни резултатот во 70.минута. Еквадорецот промаши пенал.
Фенер за продолженија се избори во 88.минута кога Салаи го израмни резултатот.
Динамо пласман во третата рунда избори со голот на Краваев во 114.минута.
Желгирис и во реваншот го победи Малме. По 1:0 во Вилнус, литванскиот тим победи во Малме со 2:0.
Овејуси во 32. и Оливера во 54.минута ги постигнаа головите за Жалгирис.
Жалгирис во третото коло ќе игра против Бодо Глимт. Норвежаните во реваншот го декласираа Линфилд со 8:0.