Top Sport

На Вегхорст му останал „прекарот“ Бобо кој му го подари Лео Меси

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лисандро Мартинез продолжил да го вика својот нов соиграч, холандскиот репрезентаативец Вут Вегхорст „Бобо“ по славното интервју кое го даде Лео Меси на Светското првенство во Катар.

Вегхорст пристигна на позајмица од Барнли во јануари, откако на Мундијалот во Катар имаше судир со Меси и Аргентина во четврт-финалето. По жестокиот дуел во кој имаше пресметки на теренот и надвор од него, Аргентина победи на пенали, и Меси кога даваше интервју по мечот му се обрати на Вегхорст: „Que miras bobo. Anda palla“, што во превод е „Што гледаш идиоту, оди натаму“.

Според каталонскиот „Спорт“, Мартинез продолжил да го нарекува „Бобо“ Холанѓанецот, иако не го смета тоа за навреда.

Меси до Вегхорст: Што гледаш глупав еден

Scroll to Top