Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) им порача на вработените на „Вембли“ да пуштат гласна музика кога фудбалерите ќе клекнат пред осминафиналето на ЕУРО 2020 против Германија во обид да не се слуша свиркањето на дел од навивачите.
И покрај барањето на селекторот Герет Саутгејт навивачите да покажат поддршка за неговите фудбалери кога клечат, дел од навивачите сметаат дека се работи за непотребен гест. Сега, се открива дека по мечот со Хрватска, првиот на шампионатот, на кој имаше најмног свирежи, диџејот на „Вембли“ има препорака да пушта силна музика.