Top Sport

На Вест хем им дојде преку глава и го продадоа Арнаутовиќ

Марко Арнаутовиќ ќе биде продаден на Шангај СИПГ во договор вреден „само“ 30 милиони фунти, откако во Вест хем им се „смачило“ од однесувањето на австрискиот репрезентативец.

30-годишниот Арнаутовиќ побарал трансфер уште во текот на зимата иако потпишал нов договор со лондонскиот клуб, и сега речиси е сигурно дека тој ќе биде продаден за релативно мали 30 милиони фунти.

„Тоа е ужасен договор за нас во клубот, но менаџерот, фудбалерите и вработените во клубот сакаат тој да замине што е можно побргу“, изјави анонимен член на тимот за „Скај спортс“.

Неговиот брат и агент Данијел, посебно ги нервирал во клубот со начинот на кој се договорал со тимот, а неговите коментари во вторникот само ја влошиле ситуацијата.

„Тој не е крава или коњ кој го носиш на пазар. Тој е многу талентиран фудбалер кого Вест хем само го искористуваат. Тој е само бројка за нив“, изјави Данијел Арнаутовиќ.

Scroll to Top