Top Sport

На Вирц ќе му беше подобро во Баерн отколку во Ливерпул

Ливерпул реди победи на стартото на новата сезона, но Флоријан Вирц сè уште не убедил никого дека англиските шампиони направиле добар потег кога решија да го ангажираат.

Германскиот репрезентативец пристигна на „Енфилд“ ова лето за 116 милиони фунти (100+16 бонуси), што е околу 135 милиони евра.

Очекувањата се големи, но 22-годишниот играч од средниот ред се соочи со тежок почеток во Ливерпул.

Очигледно е дека сè уште не го пронашол својот ритам. Иако беше стартер во повеќето натпревари, тој запиша само една асистенција без да постигне гол.

Секако, не се гледа сè преку статистика, но првите натпревари предизвикуваат загриженост за неговата адаптација на фудбалот во Премиер лигата.

Во вторникот, во победата над Саутемптон во Карабао Лига Купот, Арне Слот одлучи да го одмори Вирц за прв пат и го остави надвор од составот.

Познато е дека Флоријан Вирц избраше помеѓу Баерн и Ливерпул ова лето. Тој се одлучи за Ливерпул, а легендата на Баварците и германскиот фудбал, Карл-Хајнц Румениге, смета дека погрешил:

„Морам искрено да кажам, сè уште ми е жал за Флоријан Вирц бидејќи мислам дека би му било подобро во Баерн отколку во Ливерпул“, рече поранешниот ас на Баерн.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top