Top Sport

На женскиот тренер му дојде преку глава: Ги бирам фудбалерите по големината на пенисот

Имке Вибенхорст во декември стана првиот женски тренер во првите пет лиги на германскиот фудбал, откако беше именувана за лидер на БВ Клопенбург, и сега на прашањата дали е стручна да го прави изборот на фудбалерите даде совршен одговор.

Во интервју за „Ди велт“, таа беше запрашана дали внимава сите фудбалери да бидат облечени кога таа ќе влезе во соблекувалната.

„Секако дека не. Јас сум вистински професионалец. Го избирам тимот според големината на пенисот“, одговори Вибенхорст.

Вибенхорст е поранешен фудбалер на женскиот тим на Клопенбург, а уште го нема одиграно првиот меч поради зимската пауза во Германија. Нејзе ја очекува тежок предизвик – да ги спаси од испаѓање Клопенбург од последното место во Оберлига Нидерсахсен, една од 14-те германски петти лиги.

Scroll to Top