Top Sport

Начо официјално го напушти Реал

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез денеска и официјално го напушти „кралскиот клуб“.

Реал Мадрид во емотивна објава се прости од Начо, кој како 10-годишник пристигна во клубот, во далечната 2001 година.

Тој напредуваше низ младинските редови на академијата на Реал се додека не дебитираше за првиот тим во 2012 година. Оттогаш, тој играше 12 сезони во една од најславните епохи во историјата на Реал Мадрид.

За Реал одигра 364 натпревари, освои 26 трофеи, од кои шест во Лига на шампионите и четири Ла Лига.

Откако ја освои Лигата на шампионите на Вембли, сфати дека е време за нови предизвици и реши да си замине како слободен играч.

Наводно тој веќе договорил се и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. По Европското првенство Начо ќе потпише договор до јуни 2026 година со Ал Кадсија.

Шпанецот ќе добива плата од дури 20 милиони евра годишно.

Scroll to Top