Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, сериозно размислувал летово да замине од клубот, пишива „Марка“.
Начо не меѓу играчите на кои Зинедин Зидан им соопштил дека можат да си бараат нови клубови, но е свесен дека со доаѓањето на Едер Милитао од Порто, значително ќе му ги намали минутите што треба да ги мине на теренот.
Овој 29 годишен фудбалер, во текот на сезоната, се поврзуваше со трансфер во Рома и многу е веројатно дека на крајот ќе заврши на „Олимпико“. Договорот на Начо истекува во јуни 2020 година.
Начо Фернандез за Реал има одиграно 188 натпревари на кои постигнал девет гола. Со клубот освоил четири титули во Лигата на шампионите, две во Ла Лига, три во Суперкупот на УЕФА и четири на Светското првенство за клубови.