Top Sport

Над 60.000 фанови на виртуелното дерби на Севилја

Без фудбал во речиси цела Европа поради корона вирусот, фудбалерите од Ла лига, Борха Иглесиас и Серхио Регуилон најдоа необичен начин да привлечат над 60.000 фанови онлајн, борејќи се во трилер дербито на Севилја на видео-играта ФИФА 20.

Инаку, андалузиското дерби меѓу Севилја и Реал Бетис требаше да се одигра во неделата, но Иглесиас (Бетис) и Регуилон (Севилја) решија да ги забавуваат фановите преку стриминг сервисот „Твич“.

Иглесиас го предводеше Бетис со трилер 6:5 победа, постигнувајќи го победничкиот гол со својот лик во играта.

„Благодарам до 60-те илјади фанови кои беа во живо со нас. Се надевам дека малку ве забавувавме и дека ве насмеавме“, напиша Регуилон.

Scroll to Top