Top Sport

Македа: Не жалам за времето поминато во Манчестер јунајтед

Пред речиси 11 години, Федерико Македа го „запали“ „Олд Трафорд“.Дебитирајќи како 17-годишник против Астон вила, тој постигна фантастичен гол во 93. минута за победа на „ѓаволите“. Уште еден гол од клупата против Саутемптон го направи херој на навивачите, но по шест позајмици во клубови, тој замина во 2014 година.

Корона вирусот ја прекина досега најдобрата голгетерска сезона на Италијанецот, постигнувајќи 13 гола за Панатинаикос, но тој не жали за времето кое го помина на „Театарот на соништата“ иако имаше вкупно 40 мечеви.

„Не жалам за ништо. Манчестер јунајтед беше прекрасно искуство за мене и уште ги имам многуте сеќавања од времето таму. Тоа ќе остане со мене засекогаш. Во Манчестер пораснав, не само како играч, туку и како маж и секогаш ќе се потсетувам со гордост дека играв во најголемиот клуб на светот“, вели Македа.

Фергусон навистина немаше место за Македа со Вејн Руни, Робин ван Перси, Мајкл Овен и Дени Велбек во тимот, и Македа вели дека згрешил во едно нешто – што отишол во Сампдорија.

„Не би ја направил таа одлука повторно. Тоа беше грешка и негативно искуство за мене. Но, и тоа беше добра лекција“, вели Македа, кој потоа играше и за Квинс парк ренџерс, Штутгарт, Донкастер и Бирмингем.

Scroll to Top