Македонските фудбалски репрезентативци до 21 година ја забележаа првата победа во четвртиот меч од групата Х, од квалификациите за ЕП.
Избраниците на селекторот Драган Канатларовски предмалку со 2-1 славеа триумф на гостувањето кај Ерменија и на тој начин направија скок од шестата на третата позиција на табелата.
Иако поседот на топката беше речиси израмнет, македонските фудбалери упати 15 удари кон противничкиот гол, наспроти 6-те на Ерменците. 8 наспроти 3 е статистиката на удари кои оделе во рамките на головите во полза на Македонија.
Ѓоргиевски го отвори резултатот во 25 минута, па Македонија со предност од 1-0 го заврши првиот дел.
Максимов донесе двојно повисока предност во 84 минута, а домаќинот успеа преку Григоријан во 90 минута само да го ублажи поразот за конечни 2-1.
По 4 одиграни натпревари во квалификациите, Македонија има 5 бода, со прв триумф по двата нерешени исходи со Фарски Острови и Србија.
Лидер на табелата е составот на Украина кој во моментов игра меч против Фарски Острови (водат со 1-0). Зад нив во моментов е селекцијата на Франција.
Следниот предизвик за нашите репрезентативци е следниот месец токму против Украина на домашен терен.
Фото: ФФМ