Top Sport

Надреални сцени: ВАР му поништи три гола (Видео)

Поранешниот германски репрезентативец Марио Гомез е „жив малер“. На натпреварот против Сандхаузен ВАР му поништи три гола!

Во втората Бундес лига (Цвајта) Штутгарт гостуваа кај Сандхаузен и го загубија мечот со 2:1.

Бухадуз им донесе предност на донаќините во првата минута. Во 10 израмни Гомез, меѓутоа неговиот гол е поништен поради милиметарски офсајд.

Бухадуз во 24 минита зголеми на 2:0, а потоа Гомес постигна убав гол со ножички. И овој гол му го поништи видео-асистентот.

Кога го постигна третиот гол Гомез не тргна да се радува туку погледна кон судијата. Епилогот беше ист како и кај претходните два гола, напаѓачот бил во милиметарски офсајд.

„Бев пријателски настроен кон ВАР, требаше да биде правичен, но за нас напаѓачите ова е катастрофа. Тој систем, каков што е сега е вистинско с…е“, рекол 34 годишниот Гомез.

Scroll to Top