Top Sport

Зошто откажал ДРС системот на трката во Абу Даби?

Поради грешка во серверот, во речиси една третина од трката за Големата награда на Абу Даби, ДРС не им бил на располагање на возачите. Проблемот се појавил во вториот круг, кога дирекцијата на трката го дозволува неговото користење.

Пораката на мониторите ги известила сите тимови дека ДРС системот не може да се користи бидејќи дирекцијата не може да им испрати сигнал на возачите. ДРС системот овозможува забрзување и полесно претекнување.

„Тоа беше грешка во серверот. Поради тоа не смеевме да ја дозволиме неговата употреба. Дури кога бевме 100 отсто сигурни дека се ќе биде в ред го поштивме во употреба. Не сакавме ништо да ризикуваме“, рекол директорот на трката Мајкл Маси.

Токму со трката на патеката „Јас Марина“ заврши сезоната во Формула 1. Титулата ја освои Луис Хамилтон.

Scroll to Top