Top Sport

„Нафрлил“ 20 кила, па соиграчите мислеле дека е дел од обезбедувањето

Соиграчите мислеле дека Жорис Њањон, фудбалерот на францускиот клуб Сент-Етјен бил дел од обезбедувањето, откако се појавил на тренинзите со 20 килограми вишок, тврдат француските медиуми.

Њањон пристигна во славниот француски клуб (најтрофеен во Лига 1) на слободен трансфер откако Севилја му го поништи договорот во септември. Севилја го купи Њањон од Рен во 2018 година, но тој имаше само 17 меча за клубот поради проблеми со дисциплината и физичката подготвеност.

Според „Ле паризиен“, Њањон бил толку здебелен кога пристигнал на тренинзите на клубот, што соиграчите мислеле дека тој е дел од обезбедувањето. Оттогаш, централниот бек ја поправил својата физичка форма, и почнал да игра за резервниот тим, иако уште нема дебитирано за првиот тим.

Scroll to Top