Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман откри дека добил над 450 закани со смрт по елиминацијата на Баварците во Лигата на шампионите од Вилјареал, барајќи од тие кои немаат „чест“ барем да ја остават неговата мајка на мир.
„Можам да се справам со сите критики. Ситуацијата е поинаква со 450 закани со смрт на Инстаграм. Вообичаено го добивам тоа секој натпревар, без разлика дали ќе загубиме или е победиме. Не ги читам, обично ги бришам. Јасно е дека многу луѓе сакаат да ме убијат, но сега одат и по мојата мајка, која нема ништо со фудбалот, ниту со елиминацијата. Како се справувам? Воопшто не ми е грижа. Луѓето можат да пишуваат што сакаат, но би можеле барем да размислат малку пред да го направат тоа“, вели Нагелсман.
И покрај сите овие критики, Баерн се доближуваат до нова титула во Бундеслигата, со 9 поени пред Борусија Дортмунд на пет меча пред крајот.
„Сакам да станеме шампиони идеално во следните два меча. Потоа ќе планираме подобра следна сезона. Ако некому не му се допаѓам бидејќи сум Јулијан Нагелсман, а не тренер на Баерн Минхен, и тоа е океј. Немам ништо да докажувам никому освен на самиот себе“, додава тренерот.