Top Sport

Нагелсман добил отказ од Баерн додека бил на скијање!

Јулијан Нагелсман добил отказ од Баерн Минхен додека бил на скијање, а покрај тоа на 35-годишниот тренер не му било ниту кажано дека неговата позиција е под закана.

Баерн неочекувано се решија да го сменат Нагелсман, најверојатно со поранешниот тренер на ПСЖ и Челси, Томас Тухел, откако Баварците стигнаа до четврт-финалето на Лигата на шампионите, додека во Бундеслигата се вклучени во тесна битка со Борусија Дортмунд за титулата.

Нагелсман, кој останува со репутација на еден од најдобрите млади тренери на светот, добил информација за својот отказ во четвртокот навечер додека би во Цитертал, Австрија на скијање. Тој си заминува со 60 победи во 84 меча на клупата на Баерн и осум победи во осум меча во ЛШ оваа сезона.

Scroll to Top