Top Sport

Озил: Да се победи Барса е како да имаш оргазам

Месут Озил, поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Арсенал, вели дека најголемо задоволство во фудбалот му носеле победите над Барселона, и го оцени својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо како најдобриот на сите времиња.

Озил оваа недела по неуспешната авантура во Турската Суперлига потврди дека се повлекува од фудбалот на 34 години, и во своето долго интервју за шпанскиот весник „Марка“ зборуваше и за Кристијано Роналдо и за задоволството со победите над Барселона.

„Беше навистина забавно да се игра ос Кристијано Роналдо, кој за мене е најдобар играч на сите времиња. Двајцата се разбиравме одлично на теренот, тоа беше совршено. Јас му додавав, тој даваше голови, а секогаш е драгоцено да асистираш некому кој секогаш дава голови. Денеска, ‘Ел класико’ загуби на интензитет и емоции, според мене. Да се победеше Барселона тогаш беше како да имаш оргазам, бидејќи тоа беа неверојатно тешки мечеви“, изјави Озил.

Озил беше најдобар асистент во Ла лига три сезони по ред, со 47 асистенции во трите сезони во Мадрид.

Scroll to Top