Јулијан Нагелсман повеќе не е кандидат за функцијата менаџер на Челзи. Не се знае кој ќе биде новиот менаџер на „сините“ од Стемфорд Бриџ, но според англиските медиуми тоа сигурно нема да биде поранешниот тренер на Хофенхајм, Лајпциг и Баерн Минхен.
Нагелсман важеше за еден од најсериозните кандидати за преземање на лондонскиот тим на крајот од сезоната, но Нагелсман се повлече од целата приказна.
Како што се шпекулира, на Германецот нешто не му се допаднало при преговорите со сопствениците и решил да се откаже од идејата да дојде во Челзи.
По повлекувањето на наглесман, главни кандидати за менаџерската позиција во Челси се поранешниот шпански селектор Луис Енрике, екс тренерот на Тотенхем и ПСЖ, Маурисио Покетино и актуелниот менаџер на Барнли Винсент Компани.
Покетино моментално е без ангажман, додека Компани направи голем успех со Барнли и по една сезона успеа да го врати клубот во Премиер лигата.
Откако Тод Боли и неговите партнери го презедоа Челзи, Томас Тухел и Греам Потер беа отпуштени, а Френк Лампард ја презеде улогата на привремен менаџер.