Пропаднале преговорите меѓу Јулијан Нагелсман и Пари Сен Жермен, пренесува „Лекип“. Преговорите доживеале фијаско, бидејќи ниту една страна не била задоволна од тоа како тие се одвиваат во завршната фаза.
Според „Лекип“, ПСЖ повеќе нема да преговара со Нагелсман и веќе се подготвува за преговори со друг тренер, чие име не е се соопштува.
Од друга страна, Нагелсман ќе мора да се потруди за да најде работа. Тој во март доби отказ во Баерн Минхен. Пред ПСЖ, тој се поврзуваше со Тотенхем и Наполи, во меѓувреме двата тима потпишаа со новите тренери.