Тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман вели дека воопшто не размислува за освојување на Лигата на шампионите по „среќната“ победа над Атлетико Мадрид во четвртокот и открива дека имал „мала расправија“ со тренерот на ривалите Диего Симеоне на полувреме од мечот.
Американецот Тајлер Адамс, со помош на одбранбените фудбалери на Атлетико го реши мечот во 88. минута за 2:1 победа и дуел со Пари Сен-Жермен во полуфиналето. Лајпциг со победата станаа првиот германски клуб по Баерн Минхен и Борусија Дортмунд кој стигнал до полуфинале по Шалке во 2010/11.
„Како можам да зборувам за титулата? Но, секако, нормално е целта сега да е финалето, а ако стигнеме таму ќе зборуваме за други работи. Ова е тим кој го победи Тотенхем и Атлетико, а не се работи за тренер кои ги победил Жозе Мурињо и Диего Симеоне“, вели Нагелсман.
33-годишниот Германец ги отфрла шпекулациите за „голем“ конфликт со Симеоне.
„Симеоне ми честиташе по мечот и тоа беше искрено. На полувреме имавме мала расправија, но не беше ништо сериозно. Тој е роден победник кој сака да победува и на патот до соблекувалната. Но, тоа не е лошо. За мене тој има фантастичен карактер како тренер, така што нема пробеми“, додава Нагелсман.
Симеоне ги пофали Лајпциг и изјави дека Атлетико немаат изговори.
„Не можевме да играме како што сакаме, а тие имаа посветеност, ентузијазам и беа свежи. Немаме изговори. Елиминирани сме фер и мораме да честитаме“, изјави Симеоне.
„Ред бул“ ти дава крилја! Лајпциг со малку среќа во полуфиналето на ЛШ