Top Sport

Нагелсман: Кога бев млад идол ми беше Џон Тери

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман вели дека легендата на Челси и на англиската репрезентација, Џон Тери му бил идол додека бил фудбалер, што дури имал и прекар „Џон“ според Англичанецот.

Нагелсман, кој има само 34-години, е сметан за еден од најталентираните млади тренери на светот, бидејќи зад себе има работа и во Хофенхајм и РБ Лајпциг, но неговата фудбалска кариера заврши на 20 години поради сериозна повреда.

„Кога бев млад Џон Тери ми беше идол. Играв со мојот близок пријател Кристијан Траш и го нарекував Патрик по Патрик Виера, бидејќи го имаше бројот 6, а тој мене ме викаше Џони по Џон Тери. Тогаш Тери беше најдобриот централен дефанзивец, мислам дека имаше една сезона во која не загуби ниту еден дуел. Беше храбар и секогаш одеше со глава. Се сретнавме подоцна кога беше помошник во Астон вила, и во три минути се обидов да му објаснам дека и јас бев Џон Тери кога бев млад. Морав детално да му објаснувам, а тој ме гледаше чудно“, вели Нагелсман.

Scroll to Top