Top Sport

Нагелсман од 2019 ќе биде тренер на Лајпциг

Младиот тренер на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман ќе се приклучи на ривалите РБ Лајпциг по крајот на сезоната 2018/19 година, потврди бундеслигашот.

По заминувањето на Ралф Хасенхитл, Лајпциг уште немаат објавено кој ќе биде нивни тренер за следната сезона, но од 2019/20 тоа ќе биде младиот Нагелсман со тригодишен договор. 30-годишниот Нагелсман оваа сезона повторно ги однесе Хофенхајм во Лигата на шампиони, но заминува по користењето на клаузулата во неговиот долгогодишен договор.

„Им должам многу на сите кои работеа во Хофенхајм, како и на навивачите и на фудбалерите по историските квалификации во Лигата на шампионите, и затоа не сакав да додавам на неизвесноста и морав да ги направам мотивите јасни. Сега, сите можеме професионално да се фокусираме на нашата работа“, вели Нагелсман.

Нагелсман дојде во Хофенхајм во 2016 година, за во две сезони да ги предводи до два пласмани во топ 4 во Бундеслигата пред далеку побогати и поетаблирани клубови.

Фото: ЕПА

Scroll to Top