Top Sport

Петковиќ: Само лузерите се жалат, силно против опасната Србија

Швајцарскиот селектор Владимир Петковиќ вели дека нема проблем во патувањето од 2.000 километри на неговата селекција од тренинг-базата во Самара до Калининград за дуелот со Србија, бидејќи „само лузерите се жалат“.

Српскиот камп е многу поблиску во Светлогорск, но Петковиќ вели дека тоа не треба да биде изговор, и покрај тоа што покрај патувањето, има и две часовни зони меѓу кампот и стадионот каде што ќе играат.

„Подобро да не се жалиме, тоа е за лузерите, а ние не сме лузери. Сакаме да бидеме силни против било кој противник и во петок ќе покажеме дека сме на високо ниво и дека можеме да победиме било кого“, вели Петковиќ.

Швајцарецот со потекло од Босна и Херцеговина вели дека Швајцарија треба да покаже дека е фаворит на теренот против силниот српски тим.

„Ако сакаш да бидеш фаворит, тогаш треба прво да победиш. Мораме да имаме самдооверба, но и почит за тимот со многу квалитетни индивидуалци. По добриот меч со Бразил, мораме да останеме фокусирани“, вели Петковиќ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top