Top Sport

Нагелсман останува на платниот список на Баерн

Баерн, денеска треба да го потврди отказот на Јулијан Нагелсман откако вчера новинарот Фабрицио Романо ја објави оваа информација која се покажа како точна. Германскиот шампион реши да го замени 35. годишниот стручњак, кого на клупата треба да го наследи Томас Тухел.

Отказот што го доби Нагелсман силно одекна во фудбалскиот свет. Баерн беше незадоволен од него на почетокот на сезоната кога Баерн не се истакна во првенството, но подоцна се стабилизираше. Но, минатиот викенд загуби во Леверкузен и му го препушти првото место на Дортмунд, што беше доволно за да добие отказ.

Поранешниот тренер на Лајпциг и Хофенхајм имаше договор со Баерн до летото 2026 година, а заработуваше осум милиони евра по сезона.

„Билд“, пишува дека во договорот имал клаузула според која има право на огромна отпремнина доколку добие отказ во текот на првите две години во клубот, односно до 1 јули годинава.

Обесштетувањето не е познато, но се споменува двоцифрена бројка од милиони евра, која во моментов е превисока и за клуб каков што е Баерн.

Според овој извор, Нагелсман ќе остане на платниот список на Баерн додека не најде друга работа, односно до почетокот на јули, со цел Баерн да избегне да плати огромен отпремнина.

Англиските медиуми пишуваат дека Нагелсман веќе бара нова работа и дека е најблиску до Тотенхем. Антонио Конте сигурно ќе го напушти Лондон на лето и Спарс ќе бараат нов тренер, а младиот Нагелсман изгледа како идеален избор за нив.

Scroll to Top