Баерн Михнен, без тренерот Јулијан Нагелсман, забележа убедлива победа над Бенфика во Лисабон (4:0). Тренерот поради грип останал во хотелот во Лисабон.
Ден по натпреварот, Баерн, објави дека тренерот Нагелсман бил заразен со коронавирусот.
„Јулијан Нагелсман се тестираше на коронавирусот, тестот е позитивен и покрај тоа што е вакциниран“, објави клубот.
Нагелсман одвоено од фудбалерите и стручниот штаб ќе се врати во Минхен. Тој ќе биде во изолација во својот дом.
Сигурно е дека Нагелсман нема да го води тимот против Хофенхајм во Бундеслигата.