Top Sport

Нагелсман си купи кампер, заминува на долг одмор

Баерн Минхен, во март ја шокираше спортската јавност кога му врачи отказ на тренерот Јулијан Нагелсман. Од моментот кога доби отказ 36. годишниот тренер се поврзуваше со неколку врвни клубови, минатата недела одби богата понуда од Саудиска Арабија.

Нагелсман, како што сега стојат работите, буквално ќе земе годишен одмор. Според германските медиуми ќе ја пропушти сезоната 2023/204.

Дека Нагелсман ова лето нема да се врати на тренерската работа покажа со купување на кампер бидејќи сака да оди на кампување во Европа со својата девојка.

Нагелсман во ова возило вложил над 100.000 евра, а компанијата од каде што го купи објави неколку фотографии кога Нагелсман дошоил по клучевите од своето ново возило.

Scroll to Top