Првиот човек на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман, со 32 години еден од најталентираните млади тренери на светот, тврди дека пред да пристигне во тимот на Ред бул имал понуда од Реал Мадрид која ја одбил.
Нагелсман, наводно, добил понуда во летото 2018 година да дојде на местото на Зинедин Зидан, кој накратко го напушти тимот, а додека тој беше тренер на малиот Хофенхајм. Германецот вели дека тоа едноставно немало смисла.
„Нормално е кога Реал Мадрид ќе те повика, да размислуваш за тоа. На почетокот бев малку изненаден, но не се чувствував доволно добро да заминам таму. Сметав дека во Реал нема простор да се развиваш како тренер, не добиваш шанса да бидеш подобар, туку веднаш мораш да бидеш најдобриот. Кога сте во таков клуб, навивачите и медиумите не ви даваат многу простор, туку сакаат титули од лигата од ЛШ…“, објаснува Нагелсман.
Оваа сезона Нагелсман со РБ Лајпциг води битка за титулата во Бундеслигата и моментално е на второто место со поен помалку од Баерн Минхен.