Top Sport

Дончиќ потврди дека се враќа за Словенија во борбата за ОИ

Лука Дончиќ откако ја освои европската титула со Словенија во 2017, направи мала пауза со настапите во националниот дрес, по што неговата репрезентација не се пласираше на минатогодишното СП, но сега НБА ѕвездата потврди дека се враќа во тимот во олимпискиот квалификациски турнир.

„Да, сигурно ќе играм таму, не би го пропуштил тоа“, изјави Дончиќ пред стартот на Ол-Стар викендот.

Словенија своето место на ОИ во Токио ќе го брка во тешка конкуренција на турнирот во Каунас, Литванија. Тие се во групата Б со Полска и Ангола, додека во групата А се Литванија и Венецуела, а само една репрезентација обезбедува олимписко место.

Scroll to Top