Пред да му биде врачен отказ, Јулијан Нагелсман имал жестока расправија со Садио Мане во соблекувалната на клубот, откако Сенегелецот приговорил за малата минутажа која ја добива, тврди германскиот весник „Билд“.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул бил незадоволен што одиграл само осум минути против Пари Сен-Жермен во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите и по мечот бил агресивен кон Нагелсман, кој според „Билд“ бил заплашен од напаѓачот, нешто што ги шокирало другите играчи.
Нагелсман имаше уште два меча пред да добие отказ и да биде заменет од Томас Тухел, кој најави дека сака да ги освои „сите титули“. Мане ќе се обиде да го убеди Тухел дека заслужува поголема минутажа откако по повредата на ногата и операцијата имаше подолга пауза.