Top Sport

Нагелсман во преговори за селекторската функција

Челниците на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) разговарале со поранешниот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман за преземање на националниот тим, пренесува Билд.

Германија моментално е без селектор откако Ханси Флик доби отказ по поразот од Јапонија (1:4) во пријателски натпревар.

Во натпреварот против Франција (2:1), Германија ја предводеше спортскиот директор на репрезентацијата Руди Фелер.

Билд потсетува дека Флик стана првиот селектор во историјата на германската репрезентација кој добил отказ.

Нагелсман (36) моментално е без работа, бидејќи во март годинава доби отказ од Баерн. Претходно беше тренер на Лајпциг и Хофенхајм.

Германските медиуми потсетуваат дека Нагелсман работеше со голем број играчи во овие три клуба кои се актуелни репрезентативци.

Исто така, се тврди дека процесот на адаптација на системот на игра би бил полесен, особено ако се има предвид дека Германија следната година ќе биде домаќин на Европското првенство.

Scroll to Top