Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман остана критичен за својот тим, но и позитивен во пресрет на реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите. Германскиот шампион одигра слаб натпревар против Вилјареал во првиот меч и загуби со 1:0, но предноста на „жолтата подморница“ можеше да биде и поголема.
„Дијамантите се формираат под висок притисок. Време е сите да преземеме одговорност. Сигурен сум дека Вилјареал одигра еден од своите најдобри натпревари, а ние одигравме лош меч. Влогот е голем, па мораме утре да дадеме се од себе. Треба да го зголемиме интензитетот на нашата игра во целина. Вилјареал има квалитет, особено кога е притиснат. Направивме премногу грешки на првиот натпревар. Составот се одредува според повредите. Мило ми е што Марсел Сабицер играше викендов, но на вакви натпревари важно е да се потпреме на искуството и играчите кои се тука подолго време. Никлас Суле е болен, има грип, и тоа ќе биде голем проблем за нас. Ги немаме и Толисо, Чупо-Мотинг, но, сепак, имаме квалитетен тим и веруваме во успех“, изјави Нагелсман.
Дуелот меѓу Баерн Минхен и Вилјареал е закажан за утревечер во 21 часот.