Top Sport

Наглесман: Пеналот за ПСЖ е комедија, чисто актерство

ПСЖ, синоќа, го победија Лајпциг со 1:0 во Лигата на шампионите, со што си ги зголемија шансите за пласман во нокаут-фазата. Мечот реши Нејмар, кој во 11.минута погоди од белата точка.

Лајпциг, во текот на целиот меч, беа подобриот тим на теренот, меѓутоа неколку шанси што ги создадоа не успеаја да ги реализираат. Тренерот Јулијан Нагелсман е незадоволен од одлуката да биде досуден пенал за ПСЖ. Судиската одлука ја нарекол „комедија“.

„Мислам дека ПСЖ немаше шанси во играта, а пеналот е чиста комендија. Тажно е да се донесе ваква одлука на ова ниво. Тоа беше чисто актерство, немаше никаков контакт. Судиите од ВАР собата веројатно гледаа некој друг натпрвар“, рекол Нагелсман.

По овој пораз Лајпциг се наоѓаат во тешка ситуација за пласман во осмина-финалето. Германскиот тим има шест поени, колку што има и ПСЖ, но францускиот шампион има подобар меѓусебен дуел.

До крајот на натпреварите во групата, Лајпциг ќе гостува кај Башакшехир и ќе го пречека Манчестер јунајтед.

„Сега не сме во добра позиција во групата, мораме да победиме на последните два натпревари и да се надеваме дека ПСЖ во последните две кола нема да забележат две победи“, заклучил најмладиот тренер во Лигата на шампионите.

Scroll to Top