Top Sport

Награда за победата во Мадрид, Пиоли добива нов договор!

Стратегот на Милан, Стефано Пиоли се договорил со челниците на клубот да остане на клупата на „Росонерите“ и во иднина. Наскоро се очекува соработката да биде официјализирана на уште 2 години, до јуни 2024 година.

Стручњакот на „Сан Сиро“ е од октомври 2019 година и му помогна на Милан да се врати во врвот на италијанскиот фудбал. Минатата сезона „црно-црвените“ обезбедија пласман во ЛШ по неколкугодишна пауза.

Моментно Милан е на врвот на табелата во Серија А, заедно со Наполи со по 32 бода на 13 меча. Со синоќешната победа од 1-0 на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид против Атлетико, Милан и понатаму е со шанси за осминафинале во елитното натпреварување.

За продолжувањето на соработката, Пиоли ќе добива по 3 милиони евра по сезона плус бонуси, за разлика од сегашната сезонска плата од 2 милиони евра.

Пиоли има задача на „Сан Сиро“ да го донесе Скудетото кое последен пат во витрините на Милан беше во 2011 година.

Scroll to Top