Top Sport

Наинголан не го крие презирот за Јуве по инцидентот со Лукаку

Поранешниот фудбалер на Интер, Рома и Каљари, Раџа Наинголан уште еднаш го покажа својот презир кон Јувентус, реагирајќи на расистичкиот инцидент со Ромелу Лукаку на вчерашниот меч со Интер во Копа Италија.

Лукаку доби црвен картон во полуфиналето на Купот откако реагираше по бројните расистички испади на навивачите на Јувентус, и денеска побара италијанскиот фудбал да реагира и да ги реши проблемите со расизмот, но неговиот белгиски сонародник Наинголан имаше само саркастичен коментар.

„Што очекуваше да се случи таму?“, му одговори Наинголан на Лукаку.

Наинголан претходно повеќе пати го критикуваше Јувентус и тврдеше дека одбил неколку понуди да се приклучи на „бјанконерите“.

Scroll to Top