Top Sport

Наинголан: Не можев да го бакнувам грбот на Интер од првиот ден

Раџа Наинголан влезе во напад на своите два поранешни клубови, Рома и Интер, велејќи дека се полни со „дволични луѓе“ откако се врати во својот стар клуб Каљари.

Белгиецот си замина по само една сезона во Интер, каде што беше меѓу „непосакуваните“ покрај Мауро Икарди откако претходно се налути на Рома што воопшто реши да го продава.

„Во Интер бев исвиркуван од навивачите од почеток, но тоа беше фер, бидејќи веднаш кажав дека разочарувањето што си одам од Рома е поголемо од радоста со која доаѓам во Интер. Не можев да се преправам дека го сакам клубот по само еден ден. Не можев да го бакнувам грбот на Интер од почеток и не сакам така да се додворувам на фановите. Тоа е како да сретнеш девојка и на првиот состанок да и кажеш дека таа е љубовта на твојот живот. Во Рома поминав четири и пол години и секако чувствата беа поинакви. Но, никогаш не сум барал да бидам пријател со навивачите. Фановите треба да го поддржуваат тимот, а не индивидуалните фудбалери“, вели Наинголан во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Тој исто така зборуваше за неговата „директност и искреност“ и вели дека Каљари сосема му одговара.

„Во големите клубови има многу чудни работи кои не би се случиле во Каљари. Тука нема тајни, но во другите клубови има многу дволичност. Работи кои се случуваат во соблекувалната требаше да останат таму. Во Рома имав мала расправија со Костас Манолас и следниот ден тоа беше во сите весници. Истото и во Интер, што мислите кој ја пушти приказната за Ромелу Лукаку и Марцело Брозовиќ?“, вели Наинголан.

Scroll to Top