Top Sport

Ферстапен ја загуби пол-позицијата по „признанието“ на интервју!

Макс Ферстапен го сруши рекордот на својот поранешен колега Даниел Рикардо во Мексико сити за да ја освои својата втора пол-позиција оваа сезона, но потоа доби казна од три места на стартот откако не успори при жолтото знаме по судирот на Валтери Ботас и го призна тоа на интервју веднаш по квалификациите.

Ферстапен во интервју со Лоренс Едмонсон од „ЕСПН“, изјави дека бил свесен за судирот на Ботас, но дека намерно не успорил, и стјуардите оценија дека тоа е доволно голем прекршок да го пратат на четвртото место на стартот.

По оваа казна, Шарл Леклер попладнево ќе стартува пред колегата од Ферари, Себастијан Фетел, додека трет е Луис Хамилтон. По целата мешаница, Холанѓанецот најави дека ќе се фокусира на трката.

„Разочарувачки е што добив казна на трката, а Ферари ќе бидат многу брзи, така што ќе биде важно да поставиме добра стратегија со гумите“, изјави смирено Ферстапен.

Scroll to Top