Top Sport

Наинголан си оди од Интер по само една сезона?

Интер го поставиле Раџа Наинголан на трансфер-листата ова лето, и тој најверојатно ќе се врати во Рома, тврди италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Овој изненадувачки развој на настаните доаѓа по препорака на новиот тренер на „нераѕурите“, Антонио Конте, а изненадувањето е уште поголемо што тој се обидуваше да го донесе Белгиецот додека беше тренер на Челси.

Според „Кориере“, 31-годишниот фудбалер од средниот ред сака да се врати во Рим, од каде дојде минатото лето, но проблем ќе биде сумата од 29 милиони евра која ја бара клубот од Милано. Бенеамата платија 24 милиони за Наинголан, во замена со која Давиде Сантон и Николо Заниоло заминаа во „волчицата“.

Повредите и слабата форма го ограничија на само 22 меча во Серија А и вкупно 7 гола во сите натпреварувања, а италијанските медиуми постојано го коментираа неговото непрофесионално однесување.

Scroll to Top