Top Sport

Ко-сопственикот на Вориорс доби едногодишна суспензија за туркањето на Лаури (видео)

Ко-сопственикот на Голден Стејт вориорс, Марк Стивенс доби забрана да присуствува на НБА мечеви една година и казна од 500.0000 долари, откако го туркаше и пцуеше Кајл Лаури од Торонто во третиот меч од финалето на НБА лигата во Оукленд.

Лоури во обид да стигне една топка падна на седиштата покрај теренот, и милијардерот Стивенс влезе во неверојатна расправија со него, за што подоцна изјави дека се работело за „многу лоша проценка“.

„Ова не изгледа добро за нивните газди. Тој не треба да е дел од нашата лига и нема место за вакви инциденти“, изјави Лаури.

Стивенс изјави дека се обидел да се извини на кошкаркарот, но Лаури вели дека тоа не се случило. Стивенс, инаку според „Форбс магазинот“ има богатство од 2.3 милијарди долари.

Scroll to Top