Темпераментниот белгиски фудбалски интернационалец Раџа Наинголан не успеа ниту да одигра еден меч за својот нов клуб, белгиски Антверпен, а веќе успеа да се најде зад решетки во татковината. Играчот од средниот ред возел во алкохолизирана состојба.
Пред неколку дена беше промовиран како нов играч. Сега е уапсен затоа што возел пијан, а претходно добил казна за недозволена брзина.
Возачката дозвола му е одземена 15 дена, потврдија од Обвинителството во Антверпен.
Наинголан во татковината дојде од Италија каде ја помина целата сениорска кариера. Антверпен му е првиот ангажман во Белгија.