Раџа Наинголан вели дека Каљари заслужувале повеќе од само поен при 1:1 ремито со Интер, откако даде израмнувачки гол за клубот од Сардинија против својот поранешен тим. Популарниот „Нинџа“ е на позајмица од Интер, и не сакаше да го прославува својот гол, но призна дека не му било најдобро кај „нераѕурите“.
„Игравме добро од почетокот, а пристигнавме тука да играме со карактер. Можеби некои работи беа против нас, но ништо против Интер, тоа е фудбалот. Не треба да чекаме скршена нога за некој да добие црвен картон. Имам голема почит кон навивачите на Интер и поранешните соиграчи, но мислам дека таму се однесуваа лошо кон мене, како да сум потпросечен фудбалер. Им посакувам среќа во иднината. Кој знае што носи таа? Се концентрирам на меч по меч и се бориме за добар пласман“, изјави Наинголан по мечот.
Раџа го расипа совршеното деби на Јанг – Интер со трето реми во низа! (видео)