Top Sport

Најблискиот соработник го напушти Клоп

Жељко Бувач „десната рака“ на менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, две дена пред полу-фиалниот реванш против Рома во Рим, го напуштил клубот.

Бувач, поранешен фудбалер на Борац од Бања Лука, во фудбалските кругови го нарекуваат „тактички гениј“, а не е познато зошто решил да замине во момент кога Ливерпул треба да го одигра веројатно најважниот меч оваа сезона.

Медиумите пишуваат дека извесно време не биле добри односите помеѓу него и менаџерот Клоп. На последните натпревари Клоп го исклучил Бувач од своите планови, воопшто не разговарале, а Бувач не присуствувал ниту на тактичките состаноци на „црвените“.

Инаку, Бувач 17 години му беше асистент на Клоп. Соработката на овоие двајца запчна во Манц, а потоа продолжи во Борусија Дортмунд и Ливерпул.

Scroll to Top