Top Sport

Меси: Жалам што Иниеста ќе замине без тројната круна

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, жали што тимот не може да ја освои тројната круна во последната сезона на Андрес Иниеста во клубот. Барселона, синоќа, ја освои 25.титула во Ла Лига, а минатата сабота го освои и Купот на кралот.

„Мораме да бидеме задоволни, сега треба да уживаме и да славиме со навивачите, тие тоа го заслужија. Бевме супериорни во однос на ривалите. Не изгубивме ниту еден натпревар, поразени сме само еднаш во Купот и за жал во Лигата на шампионите, што беше неочекувано, но се случи“, рекол Меси.

фото: EPA

Барселона и теоретски ја освои титулата дава дена по објавата на Иниеста дека по 22 години ќе замине од „Ноу Камп“.

„Штета. Маскерано замина, Чави замина, двајцата беа симболи на клубот, а сега редот му дојде и на Иниеста. Жалам поради Лигата на шампионите, бидејќи ќе го напушти клубот без тројната круна. Ја заслужи оваа дупла титула за се она што му даде на овој клуб“, рекол Аргентинецот.

фото: EPA
Scroll to Top