Фудбалерот од средниот ред на калчолигашот Аталанта, хрватскиот интернационалец Марио Пашалиќ е стрелец на најбрзиот гл сезонава во Серија А.
Вечерва, во Бергамо на мечот од 33 коло меѓу Аталанта, Пашалиќ ја затресе мрежата на противничкиот голман по само 87 секунди од првиот судиски свиреж.
Брзо потоа Бреша се врати во игра, израмни на 1-1, а до крајот на полувремето следуваше потоп за гостите, 4-1.
Избраниците на Гасперини преку Де Рун, Малиновски и Запата од 25 до 30 минута донесоа огромна предност за домаќините.