Top Sport

Најбрзиот играч во Серија А се пресели во Премиер лигата

Поранешниот играч на Верона, Џексон Чачуа, е нов играч на Вулверхемптон Вондерерс, објави денес англискиот клуб.

Чачуа (23) потпиша петгодишен договор со Вулверхемптон, со можност за продолжување за уште една година, а англискиот клуб не ја прецизираше вредноста на трансферот.

Сепак, добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека станува збор за сума од 12,5 милиони евра.

Камерунскиот десен бек пристигна во Верона во август 2023 година од Шарлроа, а оттогаш одигра вкупно 64 натпревари за италијанскиот клуб.

Во соопштението од Вулверхемптон се наведува дека Чачуа бил најбрзиот играч во Серија А минатата сезона, откако забележал брзина од 36,3 километри на час.

Новиот играч на Вулверхемптон дебитираше за репрезентацијата на Камерун во јуни минатата година, а оттогаш има вкупно 10 настапи за својата земја.

Foto/ EPA

Scroll to Top