Top Sport

Најдобра голманска партија во историјата на Серија А (Видео)

Младиот голман на Фиорентина, кој сезонава е позајмен во Емполи, Бартоломеј Драговски (21) е тема на денот во Италија. Драговски блескаше синоќа против Аталната (0:0), имаше неверојатни 17 одбрани, што е најдобра партија на некој голман во историјата на Серија А.

Драговски буквално делуваше како ѕид пред својот гол, тој одбранил 11 удари што кон неговиот гол биле упатени од шеснаесетникот.

Статистиката најдобро ја покажува доминацијата на Аталанта и секако доминацијата на голманот Драговски.

Удари кон голот: Аталанта-Емполи 47:3
Удари во голот: Аталанта-Емполи 18:1
Гол шанси: Аталанта-Емполи 7:0

Одбрани: Бартоломеј Драговски 17

„ Analysis Evolved“, потенцираат дека со ваков однос на ударите кон голот, натпреварот требало да заврши со резултат 13:0.

За прикажаното на мечот со Аталната, медиумите го оцениле Драговски со чиста десетка.

Scroll to Top