Top Sport

Најдобрата фудбалерка во светот нема да игра на СП поради сексизам

Најдобрата светска фудбалерка, Норвежанката Ада Хадерберг одбила да настапи на годинешното Светско првенство што од 7 јуни до 7 јули ќе се одржи во Франција. Причина за постапката на Хадерберг е лошиот статус на фудбалерките во Норвешка.

Напаѓачката смета дека фудбалерките во Норвешка не се доволно почитувани и од маркетиншките активности заработуваат многу помалку од колегите.

Хадерберг се најде во сексистички скандал на минатогодишното доделување на Златната топка кога водителот на програмата, Мартин Солвејг ја праша дали знае да „тверка“. Норвежанката видно нервозна му одговори дека не знае, за што по неколку дена следуваше извинување од Солвејг.

Scroll to Top